02 Мај, 2024
0.0279

Димитров: „Со сила нема убавина“ - со уцените Бугарија го прекрши Договорот за добрососедство

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Бугарија го прекршила членот 2 од Договор за добрососедство, изјави денеска Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата на која се претстави трилатералниот проект за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија.

Тој вели дека не може да има напредок во разговорите за одблокирање на македонските евроинтеграции, бидејќи Бугарија нè уценува 

„Големиот проблем и во разговорите за историјата и во разговорите за другите аспекти каде имаме разлики е атмосферата на уцена. И македонскиот народ и бугарскиот народ имаат една изрека, ‘со сила нема убавина’. За вистинска блискост и за вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Мора да има меѓусебна почит и разбирање на чувствителноста на другиот. Не може да имаме блискост и пријателство кога се уценува“, вели Димитров. 

Тој вели дека Бугарија го прекршила членот 2 од Договорот, според кој Софија ќе не поддржува и ќе ни помага на европскиот пат, а не да нè блокира и да ни одмага. 

„Што побрзо се вратиме кон позитивна атмосфера толку поголем напредок ќе имаме.

Ние доживеавме две вета и доживеавме проблематизирање на нешто што е многу внатрешно, проблематизирање на нашиот јазик на европско ниво и во таа смисла овие чекори го направија искрениот дијалог тежок. Тоа е главниот проблем“, изјави Димитров.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање