19 Мај, 2024
0.0311

Димитров: Престојот на Помпео ќе пренесе порака до ЕУ

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Никола Димитров, министерот за надворешни работи, на охридскиот аеродором го пречека државниот секретар на САД, Мајк Помпео, и за МРТ рече дека неговиот престој во Македонија ќе пренесе порака и до ЕУ.

- Сега секретарот Помпео доаѓа во време на надеж и на шанси. Ова е потврда на значењето што САД го придаваат на нашиот успех и најава на идното сојузништво. Сигналот е дека ова е стратешки важно за Вашингтон. Ова е и порака од Америка до ЕУ, во пресрет на одлуката за пристапните преговори, дека овој процес е многу важен и стратешки и треба да успее, рече шефот на македонската дипломатија.

Димитров рече дека динамиката на пристапот на Македонија во НАТО оди побрзо од очекувањата и наместо, како што беше предвидено, во периодот март-април следната година, сите ратификации од страна на земјите членки може да завршат уште пред Самитот на Алијансата во декември.

- Процесот оди многу брзо. Овие денови се заврши процедурата во парламентот во Лондон и следниве неколку дена министерот за надворешни работи на Велика Британија треба да го потпише пристапниот протокол. Помина и во Комитетот за надворешни работи на италијанскиот Сенат и таму исто се надеваме дека ќе се заврши процедурата за две недели. Во Шпанија ќе има избори и времето од формирањето на тамошниот парламент до 4 декември кога е НАТО самитот е многу мало. Она што е клучно е што членството е извесно, реферира Димитров.

Тој на крајот додаде дека е создадена атмосфера за Европската унија да пресече дека Македонија треба да започне пристапни преговори, а тоа го потврдува и вчерашното писмо на високите функционери на ЕУ до националните влади на земјите-членки.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична