Добивај вести на Viber
Според Forbes секој од 20-те највредни фудбалски клубови во светот се проценува во просек на околу 1,16 милијарди долари. Тоа е за околу 84% повеќе отколку нивната вредност пред пет години.
Рангирањето го предводи Реал Мадрид, кој се проценува на околу 3,26 милијарди долари, главно поради приходите од 746 милиони долари, што е најголема сума за спортски тим во светот.
Во Барселона се пријавени вторите највисоки приходи (627 милиони долари), а вредноста на клубот изнесува 3,2 милијарди долари, или за 23% повеќе од минатата година.
Првите три позиции се дооформуваат од Манчестер Јунајтед со оценка од 3,1 милијарди долари. "Црвените ѓаволи" се многу пред сите останати тимови во англиската Премиер лига во овој поглед.
Благодарение на 7-годишниот спонзорски договор на Манчестер Јунајтед со Chevrolet во вредност од 559 милиони долари, кој започна од ова лето, нето загубата од пропуштениот пласман за Лигата на Шампионите ќе биде околу 35 милиони долари, наместо 55 милиони долари.
Топ 20 оваа година има две нови засилувања - Пари Сен Жермен е на 15-тото место, при што неговата вредност се проценува на 415 милиони долари, додека вториот нов клуб - Галатасарај, е оценет на 16-та позиција и се проценува на 347 милиони долари според Forbes.
Рангирањето на најбогатите клубови во нивните земји се одредува често од приходите од Лигата на шампионите. Не помалку важни се сепак и приходите од телевизиските права. Цели пет од првите десет најскапи фудбалски клубови во светот се од англиската Премиер лига, која добива 2,6 милијарди долари годишно од телевизиските права.
Следното најдобро богато првенство во овој поглед е Серија А во Италија, каде годишните приходи од телевизиските права се вредни 1,3 милијарди долари.
К.К.