Дете од Скопје заболело од маларија
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2019
Двегодишно дете од Скопје заболело од маларија, oбјави Сител. Заразната болест што ја пренесуваат комарци ја добило во Кенија каде престојувало со родителите. Симптомите се појавиле уште додека биле во африканската земја, а по враќање во Македонија веднаш е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести. Од четвртокот минатата недела е на болничко лекување.