04 Мај, 2024
0.0568

ДЕТЕ КОИ ВО ЗЕМЈАВА УЧЕЛО 11 ГОДИНИ, НАУЧИЛО КАКО ЗА 7,3 - што говори најновиот извештај на Светска банка за нашето образование

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

На младите луѓе во регионот на Европа и Централна Азија им се даваат можности, кои им се потребни за да израснат во продуктивни возрасни лица, благодарение на континуираните инвестиции во здравството и образованието, во текот на нивното детство и тинејџерски години, се вели во последното ажурирање на Индексот на човечки капитал на Светска банка, кој ги мери резултатите од човечкиот капитал низ целиот свет пред пандемијата.

Сепак, пандемијата предизвикана од КОВИД – 19 се заканува на досегашните придобивки, додека владите се напрегаат да ги одржат здравствените и образовните услуги соочени со ограничувањата за заштита на јавното здравје, вклучително и затворање на училиштата.

Според Индексот на човечки капитал, дете родено денес во Северна Македонија ќе достигне 56 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и здравствена заштита. Тоа е пониско споредено со просекот во регионот на Европа и Централна Азија и земјите со висок среден приход. Во периодот помеѓу 2010 и 2020 година, вредноста на Индексот на човечки капитал се зголемил од 0.54 на 0.56.

Дете, кое во Северна Македонија  започнува со училиште на 4 – годишна возраст се очекува да заврши 11 години предучилишно, основно и средно образование додека да наполни 18 години. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се прилагодат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 7.3 години што значи дека има јаз во учењето од 3.7 години. Во врска со резултатите во здравството, извештајот покажува дека 99 од 100 деца родени во Северна Македонија доживуваат до 5 годишна возраст.

„Северна Македонија од 2010 година направи значителни напори во подобрување на резултатите во образованието и здравството, но сѐ уште постојат предизвици. За подобрување на човечкиот капитал, земјата треба да инвестира повеќе во квалитет и рамномерен пристап во образованието“, вели Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија. „Исто така, многу е важно и зајакнување на системот за превенција од хронични незаразни болести преку подобрување на скринингот, управувањето и контролата“, се вели во извештајот.

Земјите од регионот имаат релативно повисоки приходи, такашто се во можност да инвестираат повеќе во основно образование и здравствени услуги, споредено со посиромашните земји. Како резултат на тоа, од 48 земји во регионот на Европа и Централна Азија вклучени во Индексот на човечки капитал 2020, 33 се меѓу третината најдобри во светот, и скоро сите се во подобрата половина. Сепак, постојат разлики во регионот. Во рамки на економиите во регионот, дете родено во Полска може да очекува да постигне 75 проценти од продуктивноста на целосно образовано возрасно лице во оптимално здравје. Споредено, дете родено во Таџикистан, може да очекува да постигне само 50 проценти продуктивност.

„ Владите во Европа и Централна Азија дадоа приоритет на инвестициите во здравството и образованието, кои се главни двигатели на растот и развојот. Сепак, за предизвиците предизвикани од КОВИД -19 потребен е посилен одговор на политиките, што вклучува поголемо користење на технологијата со цел подобрување на услугите и подобрени програми за социјална заштита, со цел постигнување подобар квалитет на образованието и здравствените услуги за граѓаните“, вели Ана Бјерде, потпретседатлка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија.

Извештајот вклучува и десетгодишна анализа за развојот на човечкиот капитал од 2010 до 2020 година во 103 земји. Албанија, Азербејџан и Русија се меѓу 10 – те земји кои бележат прогрес во здравството и образованието.

Индексот на човечки капитал на Светска банка го разгледува патот на детето, од раѓање до 18 години, според утврдени стандарди ( показатели)  како што се: преживување на децата (од раѓање до 5 години); очекувани години на основно и средно образование прилагодени според  квалитетот на образованието;забавување во развојот кај децата; и стапки на преживување кај возрасните. Индексот на човечки капитал 2020базиран на податоци до март оваа година, обезбедува основа од периодот пред пандемијата, што може да помогне во информирањето на здравствените и образовните политики и инвестициите за пост-пандемиско закрепнување.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила