03 Мај, 2024
0.0289

Дескоска отворена за аргументирање, ќе ги слушне нотарите и адвокатите

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека ќе се слушнат спротивставените аргументи и на нотарите и на адвокатите околу Законот за нотаријат со цел да се изнајде решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и на заштитата на правната сигурност.

-  Пред моето доаѓање, во Министерството за правда постоела работна група околу измени на законите. Изработен е Нацрт-текст којшто треба да биде разгледан и да се направат консултации. Свесна сум дека станува збор за област која е сензитивна и во која спротивставени интереси имаат различни групи кои работат во сферата на правото, но првенствена цел на Министерството за правда ќе бидат интересите на граѓаните и она што значи интерес на заштита на правната сигурност, изјави Дескоска по одбележувањето на 20-годишнината на Нотаријатот во Македонија. 

Предлог-текстот, како што рече, ќе биде предмет на разгледување и ќе се дебатира и со Нотарската и со Адвокатската комора.

- Сакам да ги слушнам аргументите и на едните и на другите, но и компаративните решенија, така што ниту едно решение априори нема предност во овој момент, нагласи Дескоска, одговарајќи на новинарски прашања.

Од Нотарската комора на Македонија велат дека нотарите се доволно едуцирани за да склучуваат договори и оти не треба да им се одзема оваа надлежност имајќи предвид дека има само 0,02 проценти тужби за поништување на нотарските акти. 

- Нотарите сакаат да остане нотарскиот акт како форма која е главно обележје на секој нотаријат што е член на Латинскиот нотаријат. Адвокатите никогаш не биле исклучени од постапките кај нотарите. Присуството на адвокат никогаш не било забрането и не било проблем. Секоја странка може да има адвокат и тоа и порано не беше забрането. Затоа мислам дека нотарскиот акт треба да се врати во својот полн капацитет, изјави Олга Димовска, потпретседателка на Нотарската комора на Македонија. 

Во следниот период се најавува зголемена улога на нотарите во борбата против перењето пари и корупцијата, а се очекува и забрзување на процесот на дигитализација на услугите што им се нудат на граѓаните. 

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ