02 Мај, 2024
0.0371

Денеска Зоран Милевски Кичеец ќе ја слушне својата пресуда

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Пресудата за Зоран Милевски ќе биде објавена денеска откако вчера на судењето за случајот „Рекет“ призна вина, за разлика од другите обвинети - Катица Јанева и Бојан Јовановски, кои се декларираа како невиновни. По неговото признание доказите кои се однесуваа на него се издвојуваат од предметот и не се изведуваат пред судот.

-Со оглед дека обвинетиот ја призна вината се докажа дека го сторил делото. Предлагам судот да му изрече казна ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности, рече Русковска, пред да се одлучи за казната.

По читањето на обвинителниот акт, на изненадување на присутните третообвинетиот Кичеец ја призна вината.

„Да виновен сум. Свесен сум за последиците и признанието не го давам под присила“, рече тој.

Постапката против него, според процедурата, веднаш беше издвоена а пресудата ќе биде соопштена денес напладне. Милевски е обвинет за „Примање награда за противзаконито влијание“ за кое е предвидена казна од една до 10 години затвор.

Јанева и Милевски беа спроведени од нивните домови каде го издржуваат куќниот притвор, додека Јовановски беше донесен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Јовановски и Јанева пак се изјавснија дека се невини и го отфрлија обвинителниот акт на Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција..

- Одам со крената глава и секого можам да погледнам во очи. Придонесов во борбата со криминалот и корупцијата “, кажа Јанева на почетокот на своето воведно обраќање.Таа ја обвини сега веќе поранешната колешка, Вилма Рускоска, дека го инстуриала обвинителниот акт и им порача на членовите на судскиот совет и поротниците дека не треба да се плашат од „тресење од гаќи“, рече Јанева.

Јовановски во своето воведно обраќање рече дека ќе се бори за да се утврди вистината и правдата „ до последната капка крв“.

- Доволна беше сензацијата на употребата на моето име. Обвинителката постојано етикетира и сега со употребата на „самонаречената естрадна ѕвезда“. Од кривично правен случај се претвори во случај на сензација. Мојот и животите на членовите на моето семејство беа загрозени. Се уништи еден медиум“, наведе Јованоски.

Судскиот процес продолжува во петок а треба да сведочат сопружниците Јордан и Ана Камчеви на барање на Обвинителството.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање