01 Јуни, 2024
0.0261

Денеска паѓа конечната одлука за Караџиќ

Објавено во: Балкан 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Извршната пресуда за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, ќе биде изречена денес во 14.30 часот во Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг. Обвинителството и одбраната поднесоа жалби против првостепената пресуда од 40 години затвор.

Од 11 точки за воени злосторства некогашниот политички лидер на босанските Срби е ослободен од само една точка - за геноцид во седум општини во Босна и Херцеговина во 1992 година: Братунац, Приједор, Власеница и Зворник, Сански Мост, Фоча и Кључ.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал на 24 март 2016 година Караџиќ го прогласи за виновен за геноцидот во Сребреница во 1995 година и за прогон, истребување, убиства, депортација, нехумани дејства, терор, незаконски напади на цивили и земање заложници . Судскиот совет утврди дека Караџиќ ги извршил злосторствата со учество во четири здружени потфати, вклучувајќи го и "заедничкиот план со цел босанските муслимани и босанските Хрвати трајно да бидат отстранети од територијата на БИХ ".

Судењето започна во октомври 2009 година. Обвинителството се обиде да ги докаже своите тврдења преку спроведување на голем број на сведоци, меѓу нив и експерти од различни профили, доктори и патолози преку воени набљудувачи и членови на УНПРОФОР, на жртвите и поранешни затвореници . И Караџиќ донесе голем број на сведоци, меѓу кои беа и неговите поранешни соработници - Милорад Додик и Ратко Младиќ.

По разгледување на сведочењето на 580 сведоци и преглед на околу 11.000 страници на докази, МКТЈ одлучи - на 24 март 2016 година, Радован Караџиќ, се прогласува за виновен со 40 години казна затвор.

Поранешниот хашки истражувач Невенка Тромп за "Аваз" зборува за три можни сценарија за пресудата на Караџиќ - да се потврди првостепената казна, значително да се намали затворската казна до толку што ќе биде ослободен, или да биде осуден на доживотен затвор.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ГРАД: Силно невреме ја зафати Хрватска

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ГРАД: Силно невреме ја зафати Хрватска

НЕВИДЕНО НЕВРЕМЕ СТИГНА ВО ХРВАТСКА, АЛАРМ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАТА: Крк е под вода!

НЕВИДЕНО НЕВРЕМЕ СТИГНА ВО ХРВАТСКА, АЛАРМ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАТА: Крк е под вода!

ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ КАМЕРИ ЌЕ ВЕ „ЛОВАТ“ НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Внимавајте како возите!

ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ КАМЕРИ ЌЕ ВЕ „ЛОВАТ“ НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Внимавајте како возите!

НОВА НЕСРЕЌА СО РИНГИШПИЛ НА БАЛКАНОТ: Шест малолетници се повредени откако падна дел од структурата на вртелешката

НОВА НЕСРЕЌА СО РИНГИШПИЛ НА БАЛКАНОТ: Шест малолетници се повредени откако падна дел од структурата на вртелешката

МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ: Луѓето ми се јавуваа во два часот по полноќ, ме малтретираа и ми се закануваа

МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ: Луѓето ми се јавуваа во два часот по полноќ, ме малтретираа и ми се закануваа

КОСОВО ОСТАНУВА БЕЗ ЛЕКАРИ: Над 10.000 нивни здравствени работници се во Германија

КОСОВО ОСТАНУВА БЕЗ ЛЕКАРИ: Над 10.000 нивни здравствени работници се во Германија

НЕВРЕМЕ ВO СРБИЈА, ПАЃА ГРАД КОЛКУ ТЕНИСКИ ТОПЧИЊА: улиците поплавени, силен дожд го парализира сообраќајот (ВИДЕО)

НЕВРЕМЕ ВO СРБИЈА, ПАЃА ГРАД КОЛКУ ТЕНИСКИ ТОПЧИЊА: улиците поплавени, силен дожд го парализира сообраќајот (ВИДЕО)

„СЕ ШТО СЛУШНАВТЕ Е ВИСТИНА“ - еве што кажа адвокатот на убиецот на Данка

„СЕ ШТО СЛУШНАВТЕ Е ВИСТИНА“ - еве што кажа адвокатот на убиецот на Данка

ЕВЕ КАКО СЕ ПРОДАВАА НАЈГОЛЕМИТЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТИ НА БАЛКАНОТ: Прво беше подготвен теренот со светските сили

ЕВЕ КАКО СЕ ПРОДАВАА НАЈГОЛЕМИТЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТИ НА БАЛКАНОТ: Прво беше подготвен теренот со светските сили