14 Декември, 2025
0.1310

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Сватовите на Али Ахмети со најголеми добивки од бизнисите во Кичево

Објавено во: Економија 30 Мај, 2024 12:50

Добивај вести на Viber

АС Сењак, фирмата на Салаудин Арифи, познат уште и како сват на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е компанијата со најголема добивка за 2023 во Кичево.

Оваа компанија поседува акции во АД Европа, а минатата година го купи мнозинскиот дел од мелницата Жито Караорман.  АС Сењак има раширена мрежа на нискоградба. Има и подружница во скопски Сарај за трговија на големо со храна и пијалоци. Минатата година ги продаде своите акции во „Жито Полог“. Добивката е зголемена за 89 отсто, а фирмата официјално имала 27 вработени. Долговите на фирмата се околу 4,65 милиони евра.

Во Топ-5 фирми со најголема добивка во Кичево е и фирмата за трговија Дукла, на Љуљзим Арифи, братот на Салаудин Арифи. За оваа компанија беше објавено дека под претходното име „Шел оил“ ја преземала бензинската пумпа на влезот во Кичево позната како „Повер петрол“. Поседува уште една бензинска пумпа во Тетово. Покрај тоа што тргува на големо преку магацин, има и два маркети за малопродажба во Кичево. Има 43 вработени, годишен приход што се движи кон 10 милиони евра, но и долгови кои на крајот од минатата година биле над 3 милиони евра.

Во „петорката“ е и Марготри Груп на Горан Трипуноски, која го поседува хотелот „Голден Вку“ во рамки на комплексот „Парк “ на охридското крајбрежје. На истата оваа адреса инаку свои бизнис активности има и Зоран Милевски - Кичеец. И оваа фирма има долг -  од 1,5 милиони евра во 2023, година која е завршена со 7 вработени. Марготри Груп го поседува и хотелот „Кичево“.

Една од поголемите добивки ја има и агенцијата за обезбедување 2 СС, позната по тоа што неславно ја обезбедуваше контролата на летање на „Македонски навигации“ на скопскиот аеродром кога упаднаа лица поврзани со политиката за да се пресметуваат со незадоволни синдикалци. Компанијата на Самир Билбилоски, освен М-НАВ, има договори од јавни тендери и со други институции. Има 218 вработени и раст на добивката од 108 отсто, а на приходите од 54 отсто.

Во петте најголеми кичевски друштва по остварен профит е и јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“.     А.К. 


Извор: Централен регистар


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји