19 Мај, 2024
0.0299

Денеска обвинение за Јовановски и Јанева, за Ременски ќе се одлучува за мерки на претпазливост

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Адвокатот на Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, синоќа соопшти дека и е определена мерка домашен притвор по распитот кај обвинителката Вилма Рускоска за вториот дел од случајот „Рекет“.

„Имам издадено наредба на три локации да се изврши претрес кај три лица. Утре за сите осомничени од првата притворена група во „Рекет“ ќе побараме продолжување на мерката притвор“ - рече Рускоска од обвинителството за организиран криминал и корупција/

Таа за медиумите изјави дека еден од осомничените од првиот дел од истрагата за „Рекет“ се понудил да се спогоди и да сведочи. Осомничени за тој дел од истрагата што се однесува на предметот „Тврдина“ осомничени се Бојан Јовановски, Катица Јанева, кои се истражниот затвор Шутка, и Зоран Милевски Кичеец, инаку во моментов во куќен притвор. Денеска треба да биде покренато обвинение за дејствата кои се однесуваат на предметот на СЈО под името „Тврдина“, откако заврши истрагата за овој сегмент и наскоро треба да биде познат и датумот на почетокот на судењето.

Посебни мерки за одземање на пасошот, забрана за напуштање на престојувалиште, односно на градот Скопје, и пријавување во судот се побарани од судот за пратеничката Фросина Ременски, инаку почесен претседател на Меѓународниот сојуз, таткото на Јовановски и секретарката од Меѓународниот сојуз.

Премиерот Зоран Заев на вчерашната прес-конференција во одговор на новинарско прашање истакна дека доколку потпретседателката на Собранието Фросина Ременски, е осомничена или обвинета за случајот „Рекет“, таа ќе биде отстранета од СДСМ.

- Ние секојпат сме го кажувале нашиот став, кога некое лице ќе биде осомничено, обвинето или слично, тогаш ја применуваме мерката на санкции која што значи времено отстранување за да си докаже невиност, вратите се отворени секогаш за секој. Ако се бориме за владеење на правото и еднаков третман за сите пред законот, тоа мора да го почитуваме без разлика дали се однесува и на сите нас носители на одредени партиски или општествени функции, рече Заев.

Со него не се согласува Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците, кој вели дека ист „третман“ треба да добие и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

„Османи е исто така осомничен, тој е во случај осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја замајува јавноста. Според мои сознанија, СЈО и Катица Јанева го имаа заштитено Османи да не одговара за случајот „Пациент.“ - рече Села.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична