Денес меѓу починатите од коронавирусот е и 23 годишен пациент
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Март, 2021
Меѓу починатите од коронавирусот денес е и 23 годишен пациент.
За едно деноноќие коронавирусот однесе уште 17 жртви. Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Досега во земјата се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19.
Вчера најмладиот починат од вирусот беше на возраст од 29 години.foto freepik