17 Мај, 2024
0.0274

Делчевските пожарникари си ги земаа парите, но на кого се му должи Делчево: Задолжените општини бараат помош од Владата

Објавено во: Економија 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Половина од општините на истокот тонат во долгови, а исклучок не е ниту градот кој од Европската унија го делат само 10 километри.

Делчево како една од најзадолжените општини и во моментов има долг од висок 214 милиони денари или безмалку 3,5 милиони евра. Градот кој има потенцијали за развој функционира со блокирана сметка а градоначалникот кој вели дека се потешко се сервисира долгот и очекува помош од државата.

Има ли опции

Општината веќе 15 години се бори со долгот чии камати секојдневно растат.

„Сметката на Општина Делчево е блокирана со години и тешко се функционира, а уште потешко може да се сервисира долгот. Јас бев свесен каква е финансиската состојба на Општина Делчево и уште во кампањата реков дека се нафаќам на овој предизвик, бидејќи имам стратегија како да се реши овој проблем“, вели градоначалникот Горан Трајковски кој очекува сериозна поддршка од Владата за долгот кој јa кочи општината во развојот.

Досега, според зборовите на Трајковски се исплатени речиси 23 милиони денари (373 илјади евра) наследени долгови, исплатен е долгот кон пожарникарите и заостанатите советнички паушали на советниците од претходниот состав на општинскиот Совет, но и задоцнети стипендии и слични долгови.

Нема интерес за поголеми инвестиции во стопанството во градот кој лежи под планината Голак а Трајковски вели дека и „популарната“ ТИРЗ зона со раширени раце ги чека првите инвеститори.

„Реалните проблеми лежат во блокираната сметка.Тоа го кочи развојот. Друг проблем е што општина Делчево не располага со државно градежно земјиште, сѐ е распродадено од претходните градоначалници, а скоро сите објекти кои биле во сопственост на општината ги продале извршители за наплата на долгови. Исто така и покрај тоа што сме на само 10 км од границата со Бугарија, нема интерес за поголеми инвестиции“, вели Трајковски.

Блокирани инвестиции

За да се подобри ситуацијата во општината потребно е сметката да биде одблокирана, а во полн капацитет се искористуваат и фондовите на ИПА.

Во буџетот за тековната 2018 година за капитални инвестиции во Делчево се планирани 47.792 милиони денари од основниот буџет кој е планиран во висина од 103 милиони денари, додека во вкупниот буџет кој е проектиран во висина од 275 милиони денари, износот на планирани капитални инвестици изнесува 73.123.000 денари. Во општинскиот буџет за оваа година се планирани 50% повеќе средства во споредба со лани за изработка на проекти, а значајно според градоначалникот е тоа што е изработен проектот за нов градски пазари проект за градска капела.

И. Р. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА