02 Мај, 2024
0.0278

Даути до Џолев: Сакате да донесете одлука по секоја цена до изборите и да го обештетите Цаноски

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Мерџан Даути, кој ја застапува градежната инспекторка од Гази Баба, Елисавета Најдовска во предметот „ТНТ“. му напиша писмо на претседателот на основниот Кривичен суд, Иван Џолев, во кое побара уште еднаш да се преиспита одлуката да не се прифати оставката на судијата-поротник Лилјана Ивановска Кочковска.

Останувањето на Ивановска Кочковска како поротник кој има навршено 60 години значи дека судењето за насилното рушење на „Космос“ ќе продолжи без негово враќање од почеток, но Даути кој веќе е казнет со 2.000 евра на Џолев му пишува дека „стапот има два краја“. 

Дописот следува откако Кривичниот суд побара од Адвокатската комора да реагира на заканите од страна на одбраната на обвинетите во случајот „ТНТ“, по што од таму објавија дека ќе следува дисциплинска постапка. Според Даути, ваквиот потег значи најава дека ќе им бидат одземени лиценците од страна на комората.

„Начинот на комуникација и однесување кој го практицира како Основен кривичен суд со тоа што при секое барање на адвокатите кои се согласно позитивните законски прописи, Вие експресно се обраќате до Адвокатската комора, да ни ги одземате лиценците е обид за наше замолкување, што преставува притисок да престанеме со сите сили согласно закон, што ни е неопходно да ги бранеме нашите клиенти. Вие имате сила и затоа не казнувате, иницирате дициплински постапки, но со оваа прилика сакам да ве потсетам дека стапот има два краја.

Апелирам до Вас и сите меѓународни иституции, за Ваше добро и за доброто на државата, дека владење на правото и почитување на законите е услов нашата земја побрзо да влезе во НАТО и ЕУ, затоа прифаќате оставка на судија – поротник Лилјана Ивановска Кочовска, па и кривичниот предмет нека продолжи без влијание на Претседателот на судот, и судењето нека се води судечкиот совет“, пишува во дописот.

Според Даути, станува збор за однапред смислено сценарио, според кое, судењето треба да заврши со првостепена одлука пред изборите, а инвестиоторот на „Космос“ Фиат Цаноски да биде обештетен.

„Не се плашете Претседателе, овој предмет застарува во 2031 година, и не разбирам на Вашето инсистирање спротивно на сите позитивни закони, да предметот познат за јавноста „ТНТ“ да заврши пред изборите или во најкусен можен рок, те. текот на овој месец. Со непочитување на законските одредби и недозволување на употреба на албанскиот јазик се праваат суштествени повреди на ЗКП, што значи повисоките судови, те. Апелационен или Врховен суд, овие факти немаат да ги премолчат и предметот наместо да започне да се суди од ново во јануари, ќе почне да се суди јуни или јули 2020 година, кога ќе биде вратен од повисоките судови.

Дозволете како претседател на Судот, да завладее правото, а ако сметате дека „ТНТ“ е национален интерес, т.е. мора Фиат Цановски да се обештетува до парламентарните избори, започнете го рочиштето од ново согласно закон, закажувајте рочиште секој ден до 12.04.2020 година, и така ќе ја постигнете целта, но притоа ќе имаме судска постапка соглано закон“, додава адвокатопт.

Даути го прашува Џолев дали е вистина дека на судење за сообраќајна несреќа веќе донесена била една одлука да и се прифати завршување на мандат на судија-поротник која навршила 60 години.

Можеби ќе ве интересира

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка