Добивај вести на Viber
Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел, го демантира полицискиот извештај на МВР и вели дека пријавената тепачка не се случила во просториите на општината, туку во подрачната единица на Управата за имотно-правни односи на Министерството за финансии.
МВР претходно објави дека две лица
физички се пресметале во Општина Бутел, без поконкретни детали за инцидентот.
„Точно е дека имало инцидент и дека постапила и полицијата, но инцидентот се случил во подрачната едицина на Управата за имотно правни односи која спаѓа под Министерството за финансии. Оваа подрачна единица на Министерството за финасии користи простории под закуп во зградата на Општина Бутел и истите имаат и посебен влез.
Како градоначалник на Општина Бутел барам оние портали кои ја објавиле оваа лажна вест, веднаш да ја истакнат вистината која говори дека немало никаков инцидент поврзан со администрацијата на Општина Бутел“, објави Костовски.