06 Мај, 2024
0.0251

Дарина Фес за Фактор: Русија и Русите веќе го прекинаа секој можен соживот

Објавено во: Свет 21 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Дарина Фес, украинска уметница, за да се спаси од војната, прво го напуштила главниот град на Украина, Киев, потоа заминала во Лавов, за да на крај отиде во Унгарија заедно со својата свекрва, каде сега почнала да работи со цел да си помогне себеси и на семејството.

Таа вели дека после оваа војна, која Русите ја започнаа на 24 февруари, соживотот е невозможен. Фес е категорична дека ова не е конфликт, не е операција за заштита, туку е агресивна војна против Украина.  Додава дека руските сили убиваат цивили, деца, уништуваат згради, архитектура, цели градови. Иако Артисти во ризик нудат помош и сместување за украинските уметници ширум Европа, сепак таа не ја искористила оваа можност.

„Не, решив да не барам помош во уметничките резиденции. Всушност, немав време да аплицирам (додека одев во засолниште, се обидував да го евакуирам семејството) и би било малку тешко да најдеме сместување какво што ни треба и да се преселиме таму. Затоа решив да ја искористам можноста што ја имав да се преселам во Лавов, потоа во гратчето кај моите роднини и потоа во Унгарија. Сега избирам да работам повеќе, бидејќи ја имам оваа можност, за да можам да ѝ помогнам на нашата економија во иднина и на моите пријатели сега. Што се однесува до уметноста, не ја гледам како прв приоритет додека војната трае. Животите на луѓето се поважни. Се разбира, уметноста е една од формите за помош, но во мојата ситуација имам други подобри начини. Верувам дека има уметници на кои им треба помош и за кои ова е одлична можност да се осигураат и да го направат најдоброто што можат. Ова е и причината да не се пријавам,  не сакам да заземам нечие место, кога можам сама  да се снајдам. Но, овие повици не можат да бидат во исто време за Украинците и Русите/Белорусите, во овој случај, и  изгледа дека организацијата што го упатува овој повик не се мачи да разбере што се случува. Дефинитивно никогаш не би се пријавила за Артисти во ризик“, вели Фес.

Таа додава дека Русија и Русите веќе го прекинаа секој можен соживот. Вели дека Украинците се многу толерантна нација. Оваа украинска уметница објаснува дека после ова,  нема да имаат ништо освен гнев и омраза кон Русите.

„Пред сето ова многу размислував за војна, преку уметноста, комуникацијата со луѓето, но по 24-ти знам колку страв можам да чувствувам за моите сакани, колкав гнев можам да имам за оние кои ја напаѓаат мојата земја и оние кои ги поддржуваат. Не сум сигурна дека вие или другите читатели можете целосно да го сфатите ова, бидејќи јас самата никогаш не го сфатив пред да се разбудам поради бомбите  за првпат, да го погледнам моето момче и да прашам „Дали е тоа? - Да“. И тогаш рече „Викни ја мајка ми,  разбуди ја и кажи мамо, те молам, не паничи, но ми треба да станеш и да излезеш од градот што е можно побрзо, Русија штотуку започна војна“. Би можела да кажам многу повеќе, но мојата ситуација не е толку лоша како на многу други Украинци“, објаснува Фес.

За Русите вели дека некои молчат, а други отворено го поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин.  Фес рече дека веќе нема никакви илузии за Русите, и според неа, тие создаваат слика како страдаат од диктатура, но во пракса смета дека Путин има поддршка од мнозинството Руси. Сепак, Фес вели дека оваа војна ќе ја промени и нејзината уметност. Откако војната ќе заврши, планира да се врати во Украина. Наведува дека досега од Русите и Белорусите немало некоја поголема јавна осуда на војната.

Објаснува дека многу од нејзините пријатели останале во Киев, и ќе се борат на било кој начин за опстанок. Многу нејзини познаници, заминале од Крим и Донбас уште во 2014 година.

Украинските бегалци избегаа во Полска, Словачка, Германија, Шпанија и други земји.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра