18 Мај, 2024
0.0767

Дали претпоставувате кои четири лоши навики го уништуваат вашиот сон?

Објавено во: Стил 02 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Ако имате проблеми со спиењето или краткиот сон, би требало можеби да се позанимавате со лошите навики кои ги правите секојдневно. Ви донесуваме четри лоши навики кои може да влијаат на квалитетот на вашиот сон. На листата го нема на пример алкохолот бидејќи се подразбира дека не го конзумирате секојдневно.

1. Кофеин

Научниците од центарот за истражување на проблеми со сонот од Хенри Форд болницата во Детроит потврдиле дека конзумација на 400 милиграми кофеин (2 до 4 шолји кафе зависи од јачината) шест час пред сонот може да ви го скратат времето на вашето спиење за еден час. Ако одите да спиете во 23 часот се препорачува најдоцна во 17 часот да го пиете последното кафе.

2. Гледање во екран

Светлото на електронските уреди може значајно да влијае на хормонот мелатонин кој ни помага да заспиеме. Барем еден час пред спиење не смеете да седите и да чепкате по вашите мобилни или компјутери. Ако баш морате, научниицте препорачуваат екраните да ги држите барем 35 сантиметри од очите на бистрината  (brightness) на уредите и да ја поставите на минимиум.

3.Вечера пред спиење

Ако одите во кревет недолго после јадење всушност ќе го покренете вашето тело со нова енергија од храната. Тешко ќе зспиете па се препорачува минимално два часа пред спиење да не јадете.

4. Пушење

Не само што пушачите поминуваат помалку време во длабок сон во однос на непушачи, туку според едно неодамнешно истражување секоја запалена цигара во текот на денот ви го скратува сонот за 1,2 минута.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“