18 Мај, 2024
0.0391

Дали постои долгорочно решение на миграциската криза надвор од Европа?

Како да се спречат мигрантите од Африка да се преселат на европскиот континент а во исто време да почнат нормален живот...

Објавено во: Свет 27 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Додека илјадници мигранти и бегалци го напуштаат африканскиот континент во насока Европа, други бараат нови начини да го направат животот на луѓето подобар на нивниот роден континент. Над 50 држави, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и европските земји ветија финансиски да ги поддржат нациите, кои претставуваат сериозен извор на бегалци и мигранти. Заедно тие ветија дека ќе го зголемат својот придонес во 2016 година за 4,5 милијарди долари, вклучувајќи една милијарда од САД.

Обврските беа преземени за време на Самитот на лидерите за бегалци, организиран од претседателот на САД, Барак Обама во рамките на Генералното собрание на ОН. Оваа посветеност покажува промена во однос на чисто хуманитарната одговорност која вообичаено се користи при движењето на бегалците, но не стигнува до коренот на проблемот, вели Џенифер Фентен, портпарол на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР).

- Ова е поширока систематска одговорност. Така е поотпорна и тоа вклучува сплотување не само на земјите-членки и хуманитарните актери, но и на агенциите за развој, меѓународните финансиски институции, приватниот сектор, граѓанското општество, откако така земјите кои примаат мигранти учествуваат од самиот почеток, додава таа.

Инвестиции

Еден од примерите за промена во животот на бегалците и мигрантите беше даден од Европската инвестициска банка (ЕИБ). Банката, управувана од ЕУ, беше побарана од владата на Етиопија со предлог да се изградат четири интегрирани земјоделско-индустриски паркови во следните три до пет години во различни делови на земјата и да нудат работа на мигранти. ЕИБ вети дека ќе обезбеди 200 милиони. Долари, додека дополнителни 300 милиони долари финансирање ќе бидат обезбедени од Европската комисија, Европската унија, Светската банка и Велика Британија.

Патрик Волш, заменик генерален директор за Глобални операции надвор од ЕУ во Европската инвестициска банка рече дека парковите ќе им овозможат на претприемачите да имаат заеднички пристап до ресурси, како патишта, вода и електрична енергија.

- Голема предност на овие индустриски паркови, во случајот агро-индустриски паркови, е дека подготвувате заедно бројни компании од различни сектори и обезбедувате општи услуги кои олеснуваат здружувањето на компаниите и претприемачите, вели тој.

Етиопија веќе неколку години дава приоритет на изградбата на индустриски паркови и земјата забележа раст на извозот на кожи, кафе, текстил, цвеќиња и други стоки. Земјата одредила 17 можни зони за агро-индустриски паркови и создаде Корпорација за развој на индустриските паркови, која ќе ги следи плановите. Етиопија си постави за цел да стане земја со среден приход до 2025 година, како и центар за лесно производство на африканскиот континент.

Вработување

Услов за финансирање од Европската инвестициска банка за парковите е тие да нудат можности за работа за бегалците. Парковите се очекува да понудат 30.000 позиции на бегалци од создадените 100.000 работни места. Етиопија е дом за над 700.000 раселени луѓе од околните држави, вклучувајќи Јужен Судан, Сомалија и Еритреја.

- Ние гледаме на нашата улога таму како придонес, помагајќи им на владите да создадат работни места, за да не мора луѓето да преземат по овие опасни миграциски патувања надвор од своите татковина, вели Волш.

Ако биде направено правилно, Европската инвестициска банка и останатите акционери се надеваат дека тоа ќе биде од корист за сите - како за економијата на Етиопија, така и да се намали приливот на мигранти во Европа.

- Ние знаеме дека Етиопија за многумина е станица пред крајната дестинација - Европа. Иницијативи и проекти како овој обезбедуваат на луѓето избор да останат поблиску до дома и во исто време можност за економски раст, рече Вернер Хојер, претседател на Европската инвестициска банка.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто