Дали ни се заканува недостиг на храна поради коронавирусот? Наскоро би можеле да се појават проблеми
Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Април, 2020
Пандемија на коронавирус може да влијае на сигурноставо снабдувањето со храна во април и мај.
Проблемите во глобалното снабдување со храна се веројатно во наредните два месеци, а може да се очекуваат покачувања на цените за месото и производи со краток рок на траење, не толку за главните прехранбени производи, пишува „Poslovni“.
Пандемијата со коронавирус може да влијае на безбедноста на снабдувањето со некои видови храна, бидејќи воведувањето на мерки за изолација и ограничување негативно влијае на достапноста на работната сила, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) на својата веб-страница.