03 Мај, 2024
0.0267

ДАЛИ „ФЕЈСБУК“ РАЗВОДОТ НА ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА АЕК Е ВЕСТ - згаснува долгогодишната љубов на Орданоски

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Роберто Орданоски, екс директор на Агенцијата за електронски комуникации во времето на владеењето на Никола Груевски, синоќа преку својот профил на фејсбук објави дека се разведува од неговата сопруга, Агнеса Орданоска. 

Орданоски тоа го објави во прилика во која се славеше роденденот на една од неговите две ќеркички, при што споменува дека тука не е присутна нејзината мајка, Агнеса Орданоска. Тој за Агнеса употребува и одредени зборови како што е „фотошоп барбика“, обелоденувајќи дека токму таа го бара разводот, бидејќи, како што пишува, тој не е повеќе директор, а со тоа не е ни во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Агнеса Орданоска не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене“, напиша Орданоски.

За овој свој пост Орданоски од своите пријатели и познаници добива пред се честитки за роденденот на ќеркичката, но и честитки за разводот, како и изрази на жалење за оваа случка.

За Орданоски сега на неговиот профил е наведено дека работи во МЕПСО, а претходно, за време на претходната владејачка гарнитура, држеше повеќе високи функции, како извршен директор за инженеринг во „Телеком“, директор на сектор за ИКТ во „Мепсо“, како и член на бордот на директори во „Мепсо“.

Откако дел од порталите ја објавија веста за разводот во процес на Орданоски, на социјалните мрежи се појавија реакци дали е тоа вест што треба да биде објавена. 

Сепак, Орданоски држеше значајни државни директорски позиции, па сметаме дека нивниот приватен живот треба да биде малку позложен во јавноста отколку оној на „обичните“ граѓани.

Роберто и Агнеса беа брачен пар кој и за убавото време на нивниот брак предизвикуваше интерес во јавноста. 

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник