Добивај вести на Viber
Според натписите во словенечките медиуми, откако претходно пропадна зделката со Агрокор, сега магнатот Ивица Тодоровиќ повторно е водечки кандидат за купување на најголемиот словенечки трговски ланец Меркатор.
Советникот на конзорциумот на ланецот супермаркети, компанијата ИНГ, веќе составила листа на потенцијални кандидати, пренесува„24ur“.
Иако е меѓу потенцијалните купувачи влегуваат 28 компании, меѓу најпознатите се Алди, Бил, Теско, Вол-Март, но според мислењето на ИНГ овде ќе се вклучи и Агрокор, кој ќе биде главен конкурент за преземање на Меркатор.
Словенечкиот „24ur“ забележува дека на листата на потенцијални купувачи се пронајдоа и шест финансиски инвеститори, кои исто така ќе бидат вклучени во трката за Меркатор.
„Најголемата шанса за потпишување на конечниот договор сепак ја има Агрокор", пишуваат словенечките медиуми, но исто таке се тврди и дека причината за омекнувањето на словенечкиот политички врв е тоа што тие, а посебно министерот Јанез Шуштерчич, веќе не веруваат дека задржувањето на Меркатор кај Словенците е од национален интерес.
Словенечките медиуми сепак наведуваат дека сега можеби е и предоцна за продажба на Меркатор бидејќи вредноста на акциите значително падна од претходната понуда на Агрокор минатата година. Тогаш конзорциумот на Toдоровиќ нудеше 221 евро по акција, додека сега акциите на Меркатор на Љубљанската берза вредат 116 евра по акција.