26 Април, 2024
0.0259

Да се здружиме и да и помогнеме: Јана со години се бори со редок вид на канцер

Објавено во: Стил 18 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Има 33 години, две трансплантации на матични клетки, многу хемотерапии зад себе.

Јана од Охрид веќе 4 години боледува од редок и многу агресивен вид на рак кој од никако да се ослободи.

Силните болки во ногата на која има изгореници од зрачењето ја врзале за кревет веќе 8 месеци а таа се бори со болеста кажувајќи си молитви навечер и насабајле и заблагодарувајќи му се на Бог за секој нов ден.

За да се спаси од најтешката битка во животот, Јана двапати се лекувала во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување а третиот пат е одбиена.

Не е познато зошто Фондот одбил да и одобри средства за да го продолжи лекувањето во Германија од каде и предлагаат да прима имунитерапија со антитела кои ги уништуваат малигните клетки, но тоа чини многу пари, првично околу 80.000 евра. 

-Бев одбиена и поднесов жалба и жалбата ми ја одбија врз основа на тоа дека осигуреникот, односно јас сум дел од медицинска студија, а тоа навистина не е точно. Професорката се обиде да најде студија и да ме стави , меѓутоа не можеше да најде бидејќи сите студии се за деца, затоа што е ова детска болест-раскажува Јана во стријата за АлфаТВ. 

Управниот суд сеуште не се произнесол по тужбата на Јана, веќе 2 месеци нема епилог, а доколку сте хумани можете да донирате за Јана на телефоните подолу:


T-Mobile: 143 143

А1: 143 467

За донации од Македонија:

Жиро-сметка: 5305-0001-0490-410

Банка: Охридска Банка

За донации надвор од Македонија:

IBAN: MK07530280003077681

SWIFT: OHRDMK22

Адресата на Јана, за банкарските трансакции е:

Јана Арсовска,

ул. Ѓорче Петров 14 г

6000 Охрид, Македонија

Можете да донирате и на следниот линк:

gofundme.com/hopeforjana

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти