24 Септември, 2020
0.0222

Д-р Микиќ: Не носете маски надвор, внимателно со ракавиците

Објавено во: Македонија 24 Март, 2020

Нема потреба да се носи маска кај здрави луѓе кога се на отворено, надвор, рече епидемиологот д-р Владимир Микиќ во синоќешната емисија То Тема на Телма. Вели дека тоа дури може и да е контрапродуктивно. 

Д-р Микиќ рече дека најважно е да се држи дистанца од два метри, а дека е препорачливо да се носи маска доколку се оди на лекар, доколку користите јавен превоз или имате контакт со заболено лице. Препорача и многу претпазливо користење на заштитните ракавици.

„Луѓето кога ќе стават ракавици мислат дека ја завршиле работата и сега се сигурни и можат да фаќаат што сакаат, заштитени се. Меѓутоа ние несвесно во текот на денот најмалку 20 до 30 пати го фаќаме лицето, дали очите, дали носот, дали устата, дали местиме наочари. Ако ги имаме ракавиците а пред тоа не сме ги измиле рацете а допреме загадена површина и ја пренесеме на лицето, како да не сме ги носеле. Од тој аспект можеби е подобро ракавиците во нормален живот да не се носат, вели д-р Микиќ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ испорача неколку барања до власта, а денес имаме 183 нови заразени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ испорача неколку барања до власта, а денес имаме 183 нови заразени

Мицкоски: Oпозицијата да предложи непристрасен јавен обвинител

Мицкоски: Oпозицијата да предложи непристрасен јавен обвинител

Дурловски: Ќе се борам за политички прогонуваните, македонскиот код е неуништлив

Дурловски: Ќе се борам за политички прогонуваните, македонскиот код е неуништлив

Николовска: Власта упатува порака дека ќе има прочистување на оние кои нема да работат по нивен налог

Николовска: Власта упатува порака дека ќе има прочистување на оние кои нема да работат по нивен налог

Нека го чествува кој сака, вели Пендаровски за Гоце Делчев

Нека го чествува кој сака, вели Пендаровски за Гоце Делчев

СПОТОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ДУШЕВНА БОЛКА КАЈ РУСКОВСКА: Aдвокатот на тужените вели тоа било сарказам

СПОТОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ДУШЕВНА БОЛКА КАЈ РУСКОВСКА: Aдвокатот на тужените вели тоа било сарказам

Расте бројот на заразени, а има и пет починати од коронавирусот

Расте бројот на заразени, а има и пет починати од коронавирусот

Љубе Бошкоски се чувствува добро: Примам терапија уште неколку дена

Љубе Бошкоски се чувствува добро: Примам терапија уште неколку дена

Пендаровски: Ќе се скенираат операторите кои набавуваат чувствителни технологии

Пендаровски: Ќе се скенираат операторите кои набавуваат чувствителни технологии