16 Мај, 2024
0.0326

Д-р. Кунгуловски предупреди: Британскиот сој може да стане доминантен во наредните месеци

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Д-р. Горан Кунгуловски од приватната болница „Жан Митрев Клиник“, каде прв пат беше детектиран и британскиот сој на корона вирусот во нашава земја, денеска на прес-конференција излезе со подетални информации околу тоа како го детектирале и дали вакцините кои веќе се аплицираат се ефикасни и против него.

„Ние селектиравме повеќе изолати и ги откривме мутациите кои се конзистентни со новиот британски сој на коронавирусот. Ги детектиравме сите 23 мутации кои се за првпат објавени во Британија. Знаеме дека во самиот вирус се акумулирани одредени мутации, при самата  ПЦР метода за секој позитивен пациент се детектираат генерално три делови од коронавирусот. Во тестот кој ние го користиме се детектира и спајк протеинот., при што откривме недоследности кај некои пациенти, односно кај спајк протеинот утврдивме дека нема никаков сигнал. Тоа не наведе дека најверојатно има некаква мутација во спајк протеинот и со тоа направивме селектирана субгрупа на пациенти. Ги секвенциониравме  и кај еден пациент ги најдовме сите мутации што го дефинираат британскиот сој, истакна д-р. Кунгуловски.

Вели дека досегашните податоци покажуваат РНК вакцините даваат заштита и против новите новите соеви и како што рече, дури и да се појават нови соеви врз кои вакцините не би имале ефект, ќе може да се направат нови.

-РНК вакцините се флексибилни, компаниите сметаат дека во период  од месец до месец и половина може да се направи нова вакцина за некој нов сој. Вакцините имаат солидна ефикасност и ја неутрализираат појавата за сериозна болест при инфекција со коронавирусот, истакна д-р Кунгуловски.

Пациентот кај кој е детектиртан новиот британски сој имал средна клиничка слика , но тој сега е оздравен и д-р. Кунгуловски вели дека нема никакви проблеми. Во однос на тоа дали е увезен вирусот, тој посочи дека во секој случај пациентот се заразил од некој контакт.

-Вирусот се пренесува преку контакти, значи пациентот имал некаков контакт за да се пренесе. Дали го донел вирусот преку патување во странство, преку контакт со луѓе што патувале, тоа сега е работа на епидемиолозите.

Инаку, со самото тоа што новиот британски сој се пренесува многу побрзо, д-р. Кунгуловски смета дека во наредните месеци тој би можел да стане доминантен. Според него, иако досега има илјадници мутации на корона вирусот, тој сепак многу поспоро еволуира, што иако се уште не е потврдено, најверојатно вакцината против него нема да биде сезонска.

-Некои мутации го ослабнуваат вирусот, а некои ги променуваат неговите особености. Добро е што овој вирус еволуира многу побавно од грипот и тоа влијае врз создавањето вакцини. Најверојатно нема да има потреба од сезонска вакцина како кај грипот. Засега треба да бидеме претпазливи. Да знаеме дека новиот сој циркулира кај нас. Најверојатно во наредните месеци ќе станува сè подоминантен, истакна денеска д-р. Кунгуловски.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот

„Отстапување од Договорот, сигурно ќе има сериозни последици во нашите односи“: Мицотакис повторно се огласи

„Отстапување од Договорот, сигурно ќе има сериозни последици во нашите односи“: Мицотакис повторно се огласи

ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: „Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција“- грчкиот пратеник Велопулос гневен на тоа како се учи историјата во земјава

ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: „Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција“- грчкиот пратеник Велопулос гневен на тоа како се учи историјата во земјава