02 Мај, 2024
0.0291

Ципрас вели дека ако не бил Договорот од Преспа на север би имале сојузник на Ердоган

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Eкс грчкиот премиер, Алексис Ципрас кој го потпиша Договорот од Преспа, смета дека тој има многу бенефити за Грција. 

Според него ако Владата на СИРИЗА тогаш отстапеше пред  притисоците на сегашниот премиер Кирјакос Мицотакис и радикалната десница и ако немаше сериозност, па дури и храброст да ја прифати политичката и партиската цена, денес на северната граница  наместо пријател, ќе имале непријател и веројатно уште еден сојузник на Турција на Реџеп Таип Ердоган, како што е Либија. 

„И се подразбира што ова би значело во услови на опасна ескалација на турската провокација“, изјави  Ципрас.

Тој на расправата во грчкиот Парламент за законот за проширување на територијалните води во Јонското Море, говорејќи за надворешната политика на земјата, се осврна и на Договорот од Преспа и упати критики до грчкиот премиер Мицотакис за позицијата што тој и неговата партија ја имаа кога беа опозиција и сега како Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас го потсети Мицотакис „со каква леснотија аплаудираа“ за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа пред две години, на изјавата на тогашниот пратеник од Нова демократија, а сега министер за внатрешни работи Макис Воридис, кога „ја нарекуваше Владата на СИРИЗА – Влада на национално предавство“.

Договорот од Преспа е потпишан во јуни 2018 година во Нивици. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање