ЧУДО НА МЕДИЦИНАТА: Жена издржала 6 дена без бели дробови додека не нашле донор
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2017
Мелиса Бенојт е првото мединско чудо за оваа година откако успеа да преживее неверојатна операција. На 33 годишната жена од Торонто и откажале двата бели дробови по што била потребна итна трансплантација, но немало соодветен донор. Затоа лекарскиот тим морал да ја одржува во живот цели 6 дена во надеж дека ќе се најдат органи за трансплантација.
На Мелиса белите дробови и откажале поради силна инфекција од вирусот Н1Х1, а постепо и откажувал целиот организам, бидејќи ниту силни антибиотици не можеле да помогнат.
„Чуството да се дише преку сопствените бели дробови е фантастична, никогаш претходно во животот не сум имала можност да дишам вака слободно, секогаш имав чуство како да дишам преку цефка“, го објаснува Мелиса своето макотрпно искуство.
По успешното наоѓање на донор и извршената операција Мелиса морала да пројде и низ исцрпна физилална терапија бидејќи мускулите целосно и атрофирале и неможела воопшто да се движи. Сега вели дека може целосно да и се посвети на својата двегодишна ќерка.