17 Мај, 2024
0.0275

ЧУДЕН МАКЕДОНСКИ ФЕНОМЕН, ФИРМИТЕ ВО ТЕШКА КРИЗА, НЕВРАБОТЕНОСТА УШТЕ ОДИ НАДОЛУ - која е причината за августовското намалување за над две илјади лица

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Необичен феномен се случува во земјава во време кога сме погодени од можеби најсилната енергетска криза досега. Во период кога компаниите мака мачат со скапата струја и воопшто со високите цени на енергенсите и најавуваат дека доколку Владата итно не им помогне, ќе почнат да отпуштаат вработени, или, што е уште полошо, ќе стават клуч на врата, најновите податоци на Агенцијата за вработување покажуваат намалување на бројот на невработени во август оваа година.

И тоа не за малку, туку за над две илјади граѓани, или конкретно, 2.115 граѓани, со тоа што сега во евиденцијата на Агенцијата за вработување стои дека работа бараат 114.934 лица, наспроти 117.049 колку што се интересирале за вработување во јули годинава.  

Оваа бројка е навистина изненадувачка, ако се има предвид дека и во август, како и во последниве два месеци, земјава беше навистина сериозно погодена од длабоката енергетска криза, а за компаниите не можеше да се обезбеди пониска цена преку домашното производство, па тие беа принудени да купуваат струја по скапата странска берзанска цена, поради што деновиве и се состана економско-енергетскиот совет, а нови средби се најавуваат и во наредниот период, со цел да се донесат мерки за ублажување на последиците од кризата. Компаниите веќе не кријат дека доколку Владата под итно не најде решение, ќе мора да пристапат и кон најнепопопуларната мерка, а тоа е отпуштање на работници, па дури и затворање.

А бројките на Агенцијата за вработување се изненадувачки од аспект што во август исто така беше сериозно разгорена енергетската криза и фирмите плаќаа скапа струја, но наместо да има зголемување или барем стагнација на бројот на невработени, тој се намалил и тоа за над две илјади.

Инаку, намалување на бројката на невработени имаше и во јули годинава, но минусот беше многу помал од августовскиот, или само за 752 граѓани. Додека, пак, јунското намалување беше исто така солидно и изнесувало близу 2.400 лица.

Инаку, во земјава имаме уште еден интересен феномен, а тоа е дека фирмите постојано се жалат дека не можат да обезбедат доволно стручни и квалификувани работници.

Секако, тука треба да се има предвид и еден друг фактор кој е постојано присутен во последниве години, односно постојаното иселување на нашите граѓани од земјава, кое не запира ниту сега.

А, Фактор неодамна ја постави и дилемата дали една од причините за намалување на бројот на невработени не е евентуално бришење од евиденцијата на луѓето кои одбиле некое од вработувањата што им било понудено од Агенцијата.

Бројките покажуваат дека заклучно со 30 септември годинава, преку центрите за вработување понуда за работа добиле 3.110 лица, од кои 2.433 ја прифатиле понудата, а 538 лица не прифатиле  понуда за  вработување од оправдани или неоправдани причини. Од Агенцијата за вработување за Фактиор изјавија дека причини за одбивање се или здравствени, или условите за работа кај работодавачот, ниска плата, обврски околу чување на дете, одалеченост од домот до работата, и слично, но беа дециднио дека лицата не се бришат од евиденцијата на невработениодбивањето на понудата за вработување, туку дека тоа се „прави во согласност со Законот за вработување, доколку два пати во текот на две години одбие соодветно или погодно вработување или одбие да присуствува или не се јави на интервју за работа на кое е упатено од страна на Агенцијата“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА