19 Мај, 2024
0.0295

Човекот кој успеа против „Dow Jones“

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Тој дејствувал сам. Од својот дом во лондонското предградие Хјунслоу британскиот дилер Навиндер Син Сарао од Sarao Futures продавал и купувал со години акции за широкиот берзански индекс S & P 500. Во добри денови тој има победено на повеќе од 800 илјади долари. Но 37-годишниот Сарао не е обичен продавач, барем не во очите на Министерството за правда на САД.

Сарао беше уапсен во вторникот во Велика Британија. Американската агенција поднела жалба против него за наводно манипулирање на пазарот во голем обем. Така направил и на 6 мај, кога водечкиот индекс во САД Dow Jones потона со повеќе од 600 поени во рок од пет минути. Кај т.н. Flash Crash (секавичен колапс) Сарао играл важна улога, тврдат од Министерството за правда и Комисијата за тргување со акции на САД (Commodity Futures Trading Commission - CFTC), која исто така поднесе тужба против него.

Сарао извршил "неколку исклучително сеопфатни, агресивни и упорни измамнички трикови" за манипулирање со цените на договори за акции, пишува во обвинението на CFTC, која тврди дека детално ги студира неговите трговски стратегии.

"Spoofing" се нарекува нелегалната стратегија, во која еден трговец, на пример, прави голема нарачка и сигнализира на овој начин на другите дека цената може да се зголеми. Сепак дилерот потоа брзо ќе го поништи договорот и ги продава акциите на малку повисока цена.

Сарао, кој се обложувал на комбинација од високофреквентна трговија и рачно донесени решенија, очигледно ја проширил понатаму оваа тактика. Тој уживаше еден алгоритам, создаден за систематско притискање надолу на цените со големи нарачки за продажба.

Сепак тој не планирал навистина да ги продаде десетиците илјади договори кои се тргуваат на водечката берза за трговија со деривати СМЕ во Чикаго под кодот E-minis. Според CME 99% од нарачките биле избришани, пред да бидат исполнети.

На овој начин Сарао можел буквално да игра со пазарите. Кога се става алгоритмот, цените паѓаат. Ако го исклучи, тие се регенерираат и дилерот е во можност да се прилагоди и да ги прилагоди своите трансакции.

Тоа беше навистина профитабилен бизнис. Од април 2010 година дилерот има собрано над 40 милиони долари профит, додека жонглирал со огромни суми по фиктивни договори. Општо земено неговата активност би достигнала теоретски волумен од 7,8 милијарди долари на ден, ако сите наредби би биле исполнети. Во некои денови "договорите за продажба на обвинетиот правеле до 40 проценти од сите активни договори за продажба", тврди надзорот на дериватите.

Случајот исто така го зголемува и притисокот врз регулаторните тела. CFTC и SEC првично беа објавиле во извештајот дека еден голем учесник во трговијата предизвикал низ овој ден најголемиот по премини пад на цените во американската финансиска историја. Според извештаите во медиумите властите имале во предвид брокер на Waddell & Reed од Канзас Сити во американската држава Монтана. "Тоа беше најдобрата информација која имавме во тоа време", изјави главниот истражител на CFTC Ајтан Голман пред новинарите оваа недела. Што се случува во мај? Сарао, преку фирмата Nav Sarao Futures Limited Plc, администрира истовремено две стратегии за високофреквентни трговија. Едната е "леринг" – за отворање и последователно укинување на бројни наредби. Другата е "фишинг".

Сарао отвора кратки позиции за илјадници акциони договори врз S & P 500, со вкупна вредност од 200 милиони долари, што е помеѓу 20% и 29% од сите налози за продажба во одредениот ден. Користи алгоритми за високофреквентна трговија, тој ги менува направените влогови 19 000 пати, со што ги прави будали другите дилери на пазарот, по што ги откажува нарачките во попладневните часови. Како резултат на тоа Сарао успева да натрупа сериозен профит, а во меѓувреме неговите активности доведуваат до колапс на пазарот, кој им донел загуби во милијарди на останатите инвеститори.

Kако дејствувал Сарао

down 1 Наводните активности на Сарао се пример за опасностите на високофреквентната трговија, што претставува тип зна абрзана компјутерска трговија. Во САД во моментов течат дискусии за улогата на високофреквентни трговци. Книгата "Flash Boys" од Мајкл Луис предизвика сериозна политичка дебата за манипулација на пазарите минатата година. Комисијата за хартии од вредност е на пат да ги зајакне одредбите за високофреквентна трговија.

Сепак многу прашања остануваат жешки за дебата меѓу трговците: Зошто на властите им беа потребни пет години да го уапсат Сарао? Може ли индивидуален дилер да предизвика навистина толку голема штета од дома? ". "Она во што тој е обвинет е нормално како кислород", изјави директорот на давателот на финансиски технологија Nanex Ерик Скот Хнсејдер на Twitter. Неговата компанија ја открила активноста на Британецот уште пред години.

down2

Лондонскиот суд се согласи да го пушти со кауција Сарао. Американските власти сакаат да го екстрадираат во САД, така што процесот да се одржи во Илиноис, каде е седиштето на CME. "Само затоа што некој е надвор од границите на САД, не значи дека не може да биде обвинет", изјави Голман категорично.

К.К.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО