19 Мај, 2024
0.0503

Чифлиганец со демант по неговото име во снимката: Од секогаш сум помагал во согласност со законот

Објавено во: Македонија 09 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Градежниот инвеститор Ванчо Чифлиганец ги демантираше наводите кои произлегоа од новообјавената снимка денеска од страна на италијанската „ЛаВерита“. Во истата,бизнисменот Орце Камчев му вели на Бојан Јовановски, обвинет во случајот „Рекет“, дека Чифлиганец барал дуќан за стоматолошка ординација за обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“.

„Во врска со новите објавени снимки од разговори, а што денес ги пренесуваат и македонските медиуми, сакам да ги известам медиумите и јавноста за следново:

Би сакал одговорно да и соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори. Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Без предметно е, дури и попатно споменување на моето име“, гласи демантот на бизнисменот.

Инаку Стефанова денеска изјави дека со бизнисменот биле лични пријатели и дека Камчев тоа го злоупотребил.

- Ниту сум барала, ниту некој нудел дуќан. Јордан Камчев ваквата изјава ја дава со цел да ме дискредитира, бидејќи е свесен дека самиот го снима разговорот со Бојан Јовановски и знае дека еден ден таа снимка ќе ја пушти и ќе се слуша, рече денеска Стефанова.





Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична