Чаир повеќе не е на врвот со бројот на заболени во Скопје: Аеродром ја зема позицијата
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2020
Во последното деноноќие има 166 нови позитивни случаи на корона вирус, а најмногу се во Скопје.
Она што е променето е што, ако се анализира по скопски општини, најмногу активни случаи моментално има во Аеродром. Досега тоа не беше случај, односно Чаир долго беше на врвот. Според последните податоци, во Чаир има 90 активни случаи, а во Аеродром се 103. Во Кисела вода има 85 активни случаи, а во Карпош има 80 случаи. Во Центар и во Гази баба има по 78 активни случаи.
Еве ги и другите општини - Ѓорче Петров – 40, Бутел - 52, Шуто Оризари – 29, Студеничани – 28, Сарај – 22, Арачиново – 14, Илинден – 13, Сопиште – 7, Чучер Сандево – 3, Петровец – 8, Зелениково - 2, Странец – 8.