17 Мај, 2024
0.0297

Централен регистар: Победи фирма која имаше многу конкуренти, возилата се стари 20 години

Објавено во: Економија 29 Јули, 2018

Добивај вести на Viber


Централен регистар информира дека по законски распишаниот оглас во мај  за набавка на 10 лесни и 1 товарно моторно возило победила фирмата која имала најдобра понуда во ситуација кога имало повеќе конкуренти, а истовремено потребата била да се заменат автомобили стари околу 20 години.

За потребите на институцијата, а согласно законот за јавни набавки, била закажана електронска аукција за операторите кои ги задоволиле критериумите специфицирани во техничката спецификација.

,,По спроведената аукција со негативно електронско наддавање преку ЕСЈН, за најповолна ја избра понудата на споменатиот економски оператор.На распишаниот тендер конкурираа повеќе економски оператори. За оние кои ги задоволија критериумите, уредно и законски беше закажана е-аукција. За спроведување на тендерската постапка, Централен регистар формираше и соодветна комисија, согласно сите законски прописи за јавни набавки”, се вели во соопштението.

„Нов тендер за набавка на возила за потребите на државните институции доби фирма донатор на СДСМ. Имено, се работи за кумановската фирма Делукс – Ауто која го доби тендерот и од Централниот регистер на Македонија во вредност од на 8.3 милиони денари за набавка 11 моторни возила“, реагираше денеска Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лани без тендер, во четири очи Делукс Ауто Куманово направи зделка тешка еден милион евра со Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски за набавка на 45 шкоди“, прецизира Нелоски.



Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија