27 Април, 2024
0.0277

НА ВРВОТ: Центар ги надмина другите општини и го стаса Аеродром по бројот на заболени

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во општина Центар според последните податоци има 96 активни случаи, а толку заболени има моментално и во скопската општина Аеродром. Со ова практично Центар го стаса Аеродром и сега е општина која го има непосакуваниот примат на листата на скопски општини со најмногу активни случаи на лица заболени од Ковид-19.

Аеродром долго време беше општина со помалку заболени од општината Чаир која пак толку време беше лидер на оваа неславна листа. На почетокот на септември Аеродром го надмина Чаир на листата, а сега и Центар е на врвот. 

Ако се анализираат податоците од Институтот за јавно здравје, по последното деноноќие во Аеродром и во Центар има по 96 активни случаи. Следува Гази Баба со 76 случаи, па Карпош со 67 активни случаи. Чаир е дури на четвртото место со 64 активни случаи. 

Еве ги и другите општини -  Кисела Вода – 61, Ѓорче Петров – 42, Бутел - 30, Шуто Оризари – 18, Студеничани – 9, Сарај – 12, Арачиново – 6, Илинден – 24, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 5, Петровец – 6, Зелениково - 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.200, бројката на оздравени пациенти е 14.312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.176.

Во Скопје активни се 625 случаи.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“