Цените на нафтата се намалија по седум недели раст
Објавено во: Економија, Корона Вирус 15 Март, 2021
По седум недели раст, се намалија цените на нафтата.
Цената на барелот на лондонската берза минатата недела падна за 0,2 проценти на 69,22 долари, додека на американската берза барелот е поевтин за 0,7 проценти и чини 65,61 долар. Минатата недела имаше еуфорија на берзите поттикната од разни стимуланси, меѓу кои и вакцинирањето против Ковид-19. Тогаш цените на нафтата достигнаа нови највисоки нивоа од јануари лани. ОПЕК и неговите сојузници веќе долго време го намалуваат производството за 7,2 милиони барели на ден на координиран начин за да го совпаднат со намалена побарувачка за време на пандемијата.