29 Април, 2024
0.0252

ЦЕНИТЕ КАЈ НАС И ВО СТРАНСТВО: Ова е куповната моќ на Македонците

Објавено во: Економија 08 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Двојно поевтин леб од европскиот и трипати поевтин од швајцарскиот јадат гражаните на Македонија, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Македонецот троши 30 проценти помалку од жителите на земји со повисока куповна моќ. Во дел од овие држави просечните трошоци по глава на жител се и 18 отсто над просекот на Европската Унија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Сепак, со оглед на висината на платите, реалните трошоци за храна по глава на жител ја сместуваат Македонија во групата земји со релативно ниска куповна моќ.

Нивото на цените на лебот и производите од жито во Македонија изнесува 55,5 отсто од просечното ниво на цените во Европската Унија и е 3 пати пониско од нивото на цените во Швајцарија, земја со највисоко ниво на цени на овие производи.

„Најевтиниот леб е 2 франка, а има и леб од 500 грама за 3.5 франци. И овде има евтини маркети. Млекото не е многу поскапо за разлика од Македонија. Во Швајцарија превозот е скап, меѓуградски се патува со воз, исто и до селата, а онаму каде не се поврзани со железница се патува со автобус“- вели Македонец кој живее во Швајцарија.

Млекото, сирењето и јајцата во земјава се поевтини за 2 пати од просекот на нивото на цените на групата земји чие ниво на цени е рангирано со над 30 отсто од нивото на цените на ЕУ, покажуваат статитичките податоци.

„Лебот во Данска чини 9 круни, млекото е 8.95, сирење 24 круни, компири 16 круни, мелено месо 49 круни за пакување од 800 грама. Ако се работи за леб од килограм, тој чини 19.95 круни.  За облека маиците се околу 100 круни, фармери од 300 до 500 круни, јакни од 500 круни па нагоре. Седум круни се еднакви на едно евро. За овдешните плати кои во просек се 2000 евра не е скапо“ – раскажува македонска државјанка која живее во Данска.

Нивото на цените на овошјето, зеленчукот и компирите е 3,6 пати повисоко во Швајцарија отколку во Македонија, каде што ценовното ниво за оваа група производи е најниско споредено со другите европски земји.

Цената на алкохолните пијалаци во Република Македонија е на најниско ниво во Европа и изнесува 62,6 проценти од европскиот просек.

Безалкохолните пијалаци во Норвешка се 3 пати поскапи од оние во Република Македонија, чие ниво на цени е 64,4 % од просекот на ЕУ.

Нивото на цените на облеката и обувките во Република Македонија, споредено со другите европски земји, е повисоко само од Бугарија и Турција и е на ниво од 80,9 отсто од просекот меѓу земјите членки на Унијата. Во Македонија нивото на цените за облека и обувки е 49 отсто од нивото на цени во Исланд, каде што цените во оваа група производи се највисоки во Европа.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи