17 Мај, 2024
0.0302

ЦЕЛ ГРАД ПОМИНАВ И НЕ НАЈДОВ ЗЕЈТИН: Во помалите градови „со врски“ се купуваат основни продукти

Објавено во: Економија 22 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Цел град го пребаравме во саботата и никаде не ни дадоа масло за јадење. Дури вчера најдов во еден маркет, ама и тоа беше „со врски“, изјави за Фактор жителка на Кочани. Иако попладнето купи зејтин по 105 денари за литар, изјави дека на полицата немало, туку успеала да го земе со познат кој работи во маркетот. Во некои помали продавници во градот имало зејтин но давале само по два литри. Дали навистина нема залихи од овој производ, каде е маслото за јадење и дали некој сака да го задржи за да го продава поскапо? Надлежните упорно уверуваат дека не станува збор за недостиг, туку многу повеќе за зголемена побарувачка поради очекувања за поскапувања, но и манипулации и клакулации од трговците кои и покрај тоа што имаат залихи не ги продаваат. За ова веќе се изречени и глоби, а првиот човек на Државна пазарна инспекција Анета Симеска- Димоска вели дека само по овој основ се изречени глоби во вкупна вредност од 36.400 евра. Таа  потврди дека има пријава и за Кочани, но најави повеќе детали во текот на денешниот ден.

„Имаме пријава за Кочани, се постапува но се што е утврдено ќе ви соопштам утре, изјави за Фактор директорката на Пазарна инспекција вчера попладнето.

Таа вели дека трговците имаа резерви што ги набавиле претходно па продаваа по таа набавна цена. Очекувањата се сега да се набавува по повисока цена и зејтинот да е поскап и во продавници. Во текот на викендот, барем во поголемите маркети имаше масло за јадење, некаде по цена и под 90 денари.

Владата од друга страна одлучи со нула ДДВ да се продаваат лебот, брашното ТИП 400, јајцата, млекото, шеќерот, месото, оризот и маслото за јадење. Тие сепак не поевтинија со мерката, а многу трговци не ја почитуваа одлуката и не се прилагодија.

Управата за јавни приходи (УЈП) во петокот и саботата извршила 611 контроли на територијата на цела држава при што кај 114 даночни обврзници биле констатирани неправилности во однос на спроведување на одлуката за ослободување од ДДВ на основните прехранбени продукти.

Министерот Крешник Бектеши тврди дека државата има доволно залихи  на масло за јадење и житни култури. Во моментов на сила е забраната за извоз на неколку производи.

„Имаме доволно залихи од овие производи и суровини. Мерката ја продолживме заради тоа што има простор да се направи манипулација. Во моментот кога Србија објави дека ќе забрани извоз на одредени производи веднаш од соседните држави почнаа да даваат двојно или тројно поголеми цени на нашите компании и одредени сакаа да го насочат нивното производство за извоз, а не за домашниот пазар, што би можело да влијае во нашите цениа внатре во државата и затоа ние одлучивме да забраниме, вели министерот Бектеши.

Забранет е извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед и тоа до 15 април 2022 година.

Инаку поради кризата има сериозен недостиг на масло за јадење на светскиот пазар поради прекинатата преработката на семето од сончоглед. 

Нема масло за јадење и во Германија, Шпанија, Австрија. Цените се по постојан раст.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА