19 Мај, 2024
0.0301

Cе уште нема договор за буџетската блокада во САД

Објавено во: Свет 23 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Cе уште нема договор меѓу Белата куќа и Конгресот за излез од буџетската блокада, ниту пак најава дека некоја од страните е подготвена да попушти, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Американскиот претседателот Барак Обама, кој денеска патува во Њујорк на Генералното собрание на ОН, во последниот телефонски разговор со спикерот на Претставничкиот дом, Џон Бојнер, му најави дека одбива да преговара околу буџетот и долгот на САД. Обама предупреди дека на САД може да им се случи целосна блокада на централната власт во период од еден месец, како во 1995 и 1996 година, кога голем број административни работници, лекари, ренџери и други државни службеници беа пратени на принуден одмор, а разните социјални исплати беа суспендирани. - Добро е да бидеме носталгични за многу работи од 90-те години на минатиот век, како „Сајнфелд“, „Пауер Ренџерите“ и „Сабрина Тинејџ Вештеката“. Но, не и за блокадата на Владата, порача Обама преку Твитер, додавајќи: „Доста е веќе“. Бојнер во повеќе наврати повтори дека „претседателот сака да преговара со Владимир Путин, но не и со Конгресот на САД со цел да го намали дефицитот“, најавувајќи дека нема да отстапи без компромис по некое од повеќето отворени економски прашања, како што е гласањето на буџетот, здравствените реформи „Обамакер“ и законоски дозволеното ниво на долг. Спорот почна откако Претставничкиот дом, во кој републиканците на Бојнер имаат мнозинство, усвоија резолуција со која продолжува финансирањето на централната власт, но без средствата потребни за финансирање на „Обамакер“. Оваа резолуција е испратена до Сенатот, каде што Демократската партија на Обама, има просто мнозинство, но не и потребното квалификувано мнозинство од 60 гласови. Сенатот може едноставно повторно да го врати текстот на резолуцијата во Претставничкиот дом и да се надева дека вината, доколку буџетот на САД остане без пари на 1 октомври, ќе падне врз републиканците. Голем број лица блиски до Обама, пред се раководството на синдикатите, но и истакнати поддржувачи, како милијардерот Ворен Бафет, се изјаснија против реформата и бараат нејзина преработка.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто