02 Мај, 2024
0.0291

Царовска не може да даде детали за дадилката, се ќе им се достави на истражните органи

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Сите информации со кои располага Министерството за труд, ќе бидат доставени до истражните органи, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

„Случајот е под истрага. Сите документи и сознанија што ги има Министерството ќе ги достави до надлежните истражни институции за да не се нарушува редоследот на нештата. Не би можела да дадам детална изјава сега. Тоа е под истрага и ве молам да се обратите до истражните органи. Независно дали јас ја имам информацијата, важно е дека сите информации кои се за јавност треба да ги даде истражен орган кој е одговорен за целата постапка, а ние како одговорна институциија сите сознанија што ги имаме ќе ги предадеме во надлежните институции“, рече Царовска.

А пред неколку дена сопственик на угостителски објект во општина Аеродром, проверувајќи ги безбедносните камери, забележал како дадилката го малтретира детенцето што и било дадено на чување. 

Она што сега се знае е дека идентитетот на негувателката е утврден и таа моментно е во притвор. 

Вчера, пак, фотографија и името на дадилката која беше снимена на камери како го тепа малото детенце што и беше доверено на чување, се вртеше по социјалната мрежа Фејсбук. Станува збор за Живка Пеовска, која има 59 години.

Граѓаните кои на Фејсбук ја споделуваат фотографијата, тоа го правеле со мотив, како што велат, дека тоа лице секој треба да го види и запамети, и дека „е доста од прикривање идентитети и замаглени фотографии“. 

Јавноста уште е во шок од насилната сцена со негователката. Уште не се познати мотивите зошто оваа жена така грубо да се однесувала кон детето што и било доверено на чување.

Негователката веќе една година претходно го чувала детенцето. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање