БУРЕ БАРУТ: Овие земји се најголеми закани за светскиот мир
Објавено во: Свет 03 Март, 2016
Во врвот на државите кои се најголема закана за мирот во 2016 се Либија и Сирија, кои доживеале пад во последната деценија, додека најстабилни и понатаму се скандинавските земји, покажува најновото истражување на Индексот нестабилни држави (The Fragile State Index).
Блискиот исток и северна Африка спаѓаат во најнестабилни подрачја, а посебно се издвоени Јужен Судан, Сомалија, Конго, Чад, Јемен, Сирија и Авганистан.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/TelegraphNews/status/704613944367796224?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Критериумите за рангирање на државите биле легитимет на власта, безбедност, нееднаков развој, положбата на жената, економската ситуација, бројот на бегалци и други.
Македонија е рангирана на 118 место .
Скоро сите екс југословенски републики се пред Србија, само Босна и Херцеговина е полошо рангирана.
Најопасен е Јужен Судан со индекс 114,5.
Од друга страна, Финска со индекс 17,8 е единствена на листата „многу стабилни“ земји, а ја следат 14„стабилни“.