17 Мај, 2024
0.0294

БУНАР БЕЗ ДНО: Владата му префрли вонредни 16 милиони евра на МЖ Транспорт

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Владата на 10 ноември му исплатил вонредни 16 милиони евра на Македонски Железници - Транспорт за да ги расчисти навремено долговите за електрична енергија. Овие убедливо рекордни досега 962.913.000 денари за железничкото претпријатие се пари кои ги добива наменски надвор од редовните субвенции од Министерството за транспорт и врски за превоз на патници и самофинансирачкиот буџет за товарен транспорт што го наплаќа од големите производствени компании за пренос на суровини.

Ова е убедливо највисока ваква сума што Владата му ја исплаќа на МЖ Транспорт, откако и лани пред крајот на годината легнаа 3,3 милиони евра, или поточно двесте милиони денари, за да може да го плати долгот кон ЕВН поради кој дојде до кратко исклучување на електричната енергија.

„Би го поставил и прашањето дали граѓаните се задоволни од тоа што го прави ова претпријатие и дали ние како Влада сме задоволни, но сите сме согласни дека ова претпријатие не си ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него. И токму поради тоа во Собранието е законот за либерализација на превозот и очекуваме по изгласувањето на овој закон, да им се отвораат вратите на други оператори од регионот, кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги“, изјави претходно министерот за транспорт и врски Бочварски.

Владата претходно со одлука на седница одлучи овие 16 милиони евра на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје да му ги даде преку 4-та емисија на акции по пат на приватна понуда. Со четвртата емисија, претпријатието издаде 962.913 обични акции при што продажната цена по акција е еднаква со номиналната и изнесува 1.000 денари по акција. 

МЖ Транспорт за струја им должи на сите енергетски компании, на ЕВН, МЕПСО и на ЕСМ. Со новите пари од буџетот овој пат, освен сметки за струја, ќе ги враќа и позајмиците, кои државните електрани константно ги даваат во железница за да можат да делат плати. Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека на ова претпријатие мора да му се помага да фунkcионира затоа што е од јавен интерес, без разлика што не работи рентабилно.

На листата на должници постојано е на врвот, а машиновозачите редовно излегуваат на блокади поради неисплатени плати,  со целосен прекин на железничкиот сообраќај. Во МЖ Транспрот до сега се променија неколку директори, но никој не успеа да најде решение. Поранешниот премир Зоран Заев зборуваше дека фирмата е зрела за јавно- приватно партнерсво или за приватизација, но и натаму нема никаков план за спас, освен постојаното  префрлање на милиони од државната каса на сметка на претпријатието.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА