26 Април, 2024
0.0274

Бугарија со масовна кампања ќе привлекува на странски инвеститори

Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Од почетокот на март Бугарија започнува со масовна рекламна кампања за претставување на инвестициските можности на државата. Според информациите од Бугарската агенција за инвестиции (БАИ), веќе е купен рекламен простор во медиуми како The Economist, Financial Times, BusinessWeek, The Wall Street Journal, како и на интернет-страниците им неколку светски телевизии. „Кампањата ќе трае три месеци, а рекламите ќе бидат насочени кон информирање на странските инвеститори за предностите на нашата земја како инвестициска дестинација или на одредени индустрии - инженеринг, електроника и електротехника, прехранбена индустрија, аутсорсинг“ соопшти извршниот директор на Бугарската агенција за инвестиции Борислав Стефанов, пренесуваат бугарските медиуми. Во наредниот период, според него, Бугарската агенција за инвестиции, заедно со Financial Times, ќе организира серија на инвестициски форуми - тркалезни маси во Чикаго (19 февруари), Њујорк (20 февруари) и Сан Хозе ( 26 февруари) и меѓународна конференција во Њујорк (21 февруари). „Во март агенцијата во партнерство со Financial Times планира и неколку инвестициски настани во Сеул, Хонг Конг и Токио. Предвидено е да има средба со претставници на три големи групи на индустријата - електрониката,електротехниката, транспорт и логистика. Ќе бидат промовирани можностите за развој во Бугарија на медицински туризам, развој на прехранбена индустрија и земјоделство„ информира Стефанов. Последниот настан на Агенцијата е закажан за крајот на март во Брисел. Оваа конференција ќе биде посветена на хемиската индустрија, транспорт и логистика. Вкупно за програмата за маркетинг и рекламирање на инвестициските можности на Бугарија се предвидени 16 милиони лева, или околу 8 милиони евра.    

Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)