29 Април, 2024
0.0256

БУЏЕТ 2018: Покачување на платите во темелите на општеството - образованието и во здравството

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Како Владата ќе помогне во зголемување на нивото на платите?

Ова прашање денеска синдикатите му го поставија на министерот за финансии Драган Тевдовски на јавната дебата на која беше претставен Предлог буџетот за 2018 година. 

Од страна на министерот беше истакнато дека веќе се преземаат мерки за зголемувањето на општото ниво на платите со покачување на минималната плата, а дека следната година ќе има покачување на платите во темелите на општеството, односно во образованието и во здравството. Исто така министерот за финансии истакна дека со економскиот раст ќе се придонесе кон зголемување на платите во сите сектори.

Министерот ја информираше јавноста дека се предвидени повисоки плати од десет проценти за армискиот состав.

Како што рече министерот Тевдовски обезбедени се средства со кои платите во јавносто здравство ќе се зголемат за 5 проценти. Докторите и медицинските сестри ќе имаат зголемени плати, а се најавува исто толку да се зголемат платите во основните и средните училишта и во градинките.

За првпат Министерството за финансии го вклучува граѓанскиот сектор, синдикатите и стопанствениците во процесот на донесување на буџет.

До 15 ноември Владата треба да го достави Предлог буџетот до Собранието, а до 31 декември Собранието треба да го изгласа Буџетот.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи