17 Мај, 2024
0.0363

Британија доби „специјален статус“ во ЕУ

Објавено во: Свет 20 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Дејвид Камерон постигна договор за „специјален статус“ на Велика Британија во ЕУ и ќе им препорача на британските граѓани да гласаат за останување на земјата во Унијата на претстојниот референдум.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ едногласно го прифатија планот за реформи во општите правила на Унијата, во согласност со барањата на Велика Британија.

Сега сепак Камерон треба да го започне тешкиот процес според кој треба да ги убеди евроскептиците во сопствената земја, вклучувајќи ги и министрите на неговиот кабинет, дека договорот ги задоволува националните интереси.

„Тоа е доволно за мене, за да им препорачам Британија да остане во Европската унија“, изјави Камерон.

Во рамките на Европскиот совет, лидерите на земјите членки се согласија на одредени промени во општите правила на блокот, што ќе значи и промени во основните договори.

Тие ќе влезат постепено во сила ако по референдумот Британија остане во ЕУ.

Планот за реформи и обезбеди на Британија „специјален статус“, според зборовите на Камерон.

Неговата влада побара од Европа повеќе права за земјите надвор од еврозоната, намалување на регулациите за поголема конкурентност на Европа на глобалниот пазар, повеќе права на националните парламенти при донесување на заеднички решенија и воведување на можност за намалување на социјалната помош за имигрантите од други европски земји.

Овој пакет од предлози беше усвоен едногласно од лидерите по дводневни дебати во Брисел.

Според него, допрва оние работници кои пристигнуваат во Велика Британија од други европски земји ќе имаат „ограничен пристап“ до социјалните програми во првите 4 години од престојот во земјата.

Првично Камерон инсистираше тие воопшто да немаат можност за социјални бенефиции, а во определениот временски период пристапот до нив ќе се зголемува постепено. Оваа мерка ќе биде валидна 7 години по нејзиното воведување.

Детските надоместоци за имигранти во Велика Британија или друга земја, кои тие ги праќаат кон татковината, ќе бидат почитувани со стандардот на живот во соодветните земји, а не со оние на домаќините. Предвидено е ова правило да стапи во сила од 1 јануари 2020 година.

„Имаме договор! Тоа е достоен компромис, кој се надевам дека ќе помогне Велика Британија да остане во ЕУ“, напиша чешкиот премиер Бохуслав Соботка, на „Твитер“.

Чешка и другите земји од Вишеградската четворка - Унгарија, Полска и Словачка - беа меѓу главните критичари на британските предлози за реформи, најмногу поради точката со привремениот прекин на социјалните плаќања за имигранти.

Тоа влијае на многу граѓани на овие земји кои работат во Велика Британија.

Според германскиот канцелар Ангела Меркел договорот е „чесен компромис“.

“Не беше лесно тој да биде постигнат за секоја тема. Ние не и дадовме премногу на Велика Британија“, изјави Меркел пред новинарите.

Францускиот претседател Франсоа Оланд го изрази мислењето дека нема „специјални услуги“ за Лондон и кршење на правилата на ЕУ.

Камерон утре ќе го презентира донесеното решение на седница на владата. Во понеделник треба да започнат и парламентарни дискусии за одредување на датум за референдумот.

Ова ќе е втор таков референдум за членството на земјата. Во јуни 1975 Британците го поддржаа останувањето во тогашната Европска економска заедница.

Невидена сепак е поделеноста во самата владејачка партија, а според британските медиуми неколку министри од кабинетот на Камерон ќе се вклучат во кампањата за излегување на земјата од ЕУ.

Недостатокот на договор беше предуслов за напуштање на Велика Британија од ЕУ.

„Како што реков, ќе склучам договор само ако го добиеме она од што Велика Британија има потреба“, изјави вчера Дејвид Камерон.

Претходно грчките контролори се заканија дека ќе го блокираат договорот со Лондон, ако Атина биде казнета поради мигрантите.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека прави се што е можно за да се задржи Британија во ЕУ и коментира ситуацијата со Грција:

„Ако внатрешните граници бидат затворени, ако Шенген не се применува повеќе, овие бегалци ќе останат во Грција, земја која веќе има значителни економски тешкотии. И таа што ќе направи тогаш?“, Изјави Оланд, и на тој начин го поддржа грчкиот премиер Алексис Ципрас

Темата за миграцијата сепак беше одложена за 5 март.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји