Борисов вели дека Македонија треба да реши две - три теми за да оди напред
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2021
Ние им кажавме на нашите соседи, постојат две-три теми: малцинствата, промената во Уставот и изјаснувањето за историјата, вели екс бугарскиот премиер Бојко Борисов.
„Кога ќе ги решите, ќе продолжите напред“, рече тој.
Борисов изрази подготвеност да го поддржи актуелниот премиер Кирил Петков за да се реши спорот со Македонија и вели дека Македонија треба да направи некои отстапки, а Бугарија ќе направи отстапки за да се тргне ветото и Македонија да ги почне преговорите со Европската унија(ЕУ).
„Ние на никаков начин не ги запираме, но како да им кажеме – повелете во Европската унија, а потоа да ја наполниме Унијата со проблеми за кои не се разбираме. Затоа ги забавивме. Еве, сега сме подготвени, тие да направат отстапки, нашата Влада да направи отстапки, да поминат во Собранието и ќе ги поддржиме“, изјави Борисов.
Инаку, македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека Бугарија ја тегне работата, и не одговорила на предлогот кој го доставиле македонските власти во Софија.