За Османи бугарските барања се „подвижна мета“
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2021
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека барањата на Бугарија се „подвижна мета“.
Вели дека кога тој бил во посета на Бугарија во октомври, се разговарало за сосема различни прашања. Тој сепак додава дека е направен голем напредок во споредба со ситуацијата од пред една година. Османи вели дека недобивањето датум за почнување на преговори со ЕУ нема да донесе дестабилизација, но, како што вели, тој стравува од ново „грчко сценарио“.
Инаку, бугарскиот премиер Кирил Петков спомена рамка од 6 месеци, рок за кој македонските власти рекоа дека е долг.
фото МИА