Борел: Kосовските Срби веднаш да ги отстранат барикадите
Објавено во: Балкан 11 Декември, 2022 14:13
ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС, косовските Срби веднаш да ги отстранат барикадите, вели шефот на европската дипломатија, Жореп Борел.
„Мирот мора да се врати. ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и КФОР. Сите актери мора да избегнат ескалација“, напиша Борел на Твитер
Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ ги повика сите страни во актуелната ситуација на северот на Косово на мир и воздржаност. Тој рече луѓето да бидат мирни, затоа што се работи за измислени обвиненија.Во Приштина, како што соопштија од кабинетот на премиерот Албин Курти денеска ќе заседава Советот за безбедност на Косово.
Косовските Срби вчера почнаа да поставуваат барикади откако вчера косовските власти го уапсија Дејан Пантиќ, поранешен припадник на косовската полиција.
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија е посветена на мирот и стабилноста и дека „ќе победи мирот, а не Курти“, јави дописникот на МИА од Белград.Косовски специјалци упаднале во објект кај браната Газивода.
фото Твитер
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




