15 Декември, 2025
0.0631

Ако српската војска се врати на Косово, ОВК се закани со војна

Објавено во: Балкан 11 Декември, 2022 07:45

Добивај вести на Viber

Косовците не сакаат враќање на српската војска на Косово. 

Ветераните на ОВК реагираа на најавите дека Србија испраќа војници на Косово и велат дека ако тоа се случи ќе има војна. 

Претседателот на Организацијата на ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Фатон Клинаку, вели дека ако се вратат 1.000 припадници на српските безбедносни сили на Косово, војната е „неизбежна“.

Претходно,  директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека Белград ќе го разгледа враќањето до 1.000 припадници на безбедносните сили на Косово.

Косовската полиција вчера објави дека во три различни случаи како што рекоа, „криминални групи“ ги нападнале со огнено оружје, на патот што води кон административниот премин Брњак. Велат затоа морале да одговорат. Со месеци наназад има тензии на Косово меѓу Србите и Албанците. Неодамна косовските полицајци одземаа вино од српско семејство. Србите се пожалија дека косовската полиција со возило влегла во двор на градинка во Лепосавиќ. Имаа и други поплаки, а претходно беа запалени неколку автомобили на косовски Срби. 

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството