Дачиќ ги кажа црвените линии на Србија
Објавено во: Балкан 11 Декември, 2022 11:56
Нема нови преговори, ниту признавање на Косово, вели српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
Тој за РТС изјави дека косовскиот премиер Аљбин Курти постојано подметнува пожари, но дека Србите на Косово и Метохија нема да останат без поддршката од нивната земја.
„Можат да бидат сигурни дека ќе направиме максимални дипломатски, се надевам само дипломатски и политички напори за да го заштитиме нашиот народ на Косово и Метохија, а секако и други доколку е потребно“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека Србија во наредните денови ја очекува „кондензација на различни видови на притисок, но дека Србија има црвени линии што нема да ги помине.
„Прво, нема преговори за она што веќе го договоривме. Второ, нема признавање на независноста на Косово или членство во Обединетите нации. Трето, нема физички напади или загрозување на безбедноста на Србите. Ова се нашите црвени линии“, изјави Дачиќ.
Рече дека Србија е подготвена за мир, но треба и другата страна да биде подготвена за мир.На премините „Јариње“ и „Брњак“ не може да се помине ниту пеш, ниту со автомобил. Луѓето кои доаѓаат од централна Србија можат да поминат само преку преминот „Мердара“ и јужно од него.
„На агресијата ќе одговориме со сета сила“, вели косовскиот премиер Албин Курти.
Курти синоќа изјави дека Приштина не сака конфликт. Му пречи тоа што Србија сака да има свои безбедносни сили на северот. ОВК се заканува со нова војна.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




