18 Мај, 2024
0.0319

БОРБА ЗА ЕДНАКВОСТ: Бизнисмен ќе ги плаќа казните за буркини на плажа

Објавено во: Свет 23 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Додека голем број на градови во Франција најавија забрана за Буркина на плажа (костим за капење), а политичарите во Германија истражуваат дали да не наметнат делумна забрана за бурка, еден бизнисмен се бори со забраните вооружен ... со парите.

Рашид Неказ, богат алжирски бизнисмен и активист за човекови права, објави дека е подготвен да ја плати казната на секоја една муслиманка казнета во Франција за носење на Буркина, пишува CNN.

„Решив да ги платам сите казни на жените кои носат Буркина за да ја гарантирам нивната слобода да ја носат таа облека, а најмногу да ја неутрализирам примената на овој неправеден закон“, коментира Неказ.

Рашид има бизнис во областа на недвижностите. Тој признава дека не го одобрува носењето бурка и соодветната облека на плажа, но верува дека во демократска земја никој нема право да му забранува на друг човек да ја носи облеката што ја сака.

„Кога видам дека Франција не ги почитува фундаменталните слободи, јас секогаш ќе ја извадам својата чекова книшка“, вели бизнисменот.

Во април 2011 година Франција стана првата европска земја која го забрани јавното носење на бурка. Прекршителите треба да платат казна од 150 € и да вложат општествено корисна работа.

Овој месец Кан, како и уште градови на француската ривиера забранија носење на Буркина - облека за плажа, која соодветствува со исламските барања за покривање на женското тело.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто