Бонева тврди дека сопругот добил на лото и со парите купиле стан во Скопје
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2021
Станот во Скопје на синот на поранешната пратеничка од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева, не бил купен од пари од нејзините патни трошоци ниту пак со криминални пари, тврди таа за ,,Фокус”.
Бонева информира дека станот чинел 97.200 евра, а е платен со парите од премијата на лото која ја добил нејзиниот сопруг, со неговата животна заштеда, со пари од осигурителна компанија како надомест за штета за сообраќајка, пари од продажба на наследена нива, како и парична помош од нејзиниот татко.
Која е сумата што сопругот ја добил на лото во 2013 година, Бонева не ја открива.