19 Мај, 2024
0.0290

Боли кога те маваат и шутираат, но модриците ќе поминат, ама повеќе ме боли што живееме мизерно со години а заслужуваме многу повеќе!

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Томе Станковски e еден од демонстрантите кои беа приведени во вторникот од страна на полициските сили во Скопје, по ескалирањето на протестот пред Влада.

Тој на Фејсбук напиша еден интересен статус кој одлучивме да ви го пренесеме:

„Ме прашуваат: Томе те боли ли? Добар ли си?

Да, секако дека боли телото кога ти го маваат и шутираат четири полицајци од ЕБР на кои се „спротивставив“ со кренати раце и отворени дланки.

Но, модриците ќе поминат. Повеќе ме боли што живееме мизерно со години, а заслужуваме многу повеќе. Ме болат многу работи, и не можев повеќе дома да седам.

Некои ми рекоа: Не требаше да одиш на протест. Видиш, го изеде.

Напротив, горд сум што бев на протест. Јас знам дека џандар не удрив, ниту направив некоја штета. Бев гласен. И треба сите да бидеме. За подобар живот. Нашите предци се бореле за нас. Сега на нас е времето, за нашите деца и внуци.

Верувам дека ќе дојде еден ден каде Слободата и Љубовта ќе ја славиме сите.

Цивили и полицајци, попови и оџи, Македонци и Албанци, сиромашни и богати, ќе чекориме гордо, спремни за живеење заедно во Слобода и Љубов.“

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО