Боки 13 одби да даде исказ кај Рускоска, Дукоски вели дека се уште повраќа
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2019
Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот „Рекет“, денеска беше одведен во Јавното обвинителство за организиран криминал, но одби да даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска. Неговиот адвокат Сашо Дукоски за медиумите рече дека Боки 13 одбил да зборува затоа што претходно не ги видел доказите против него,а истрагата била завршена.
„Во истиот ден кога истрагата е завршена, од него се бара изјава како осомничен. Осомничениот прво бара да биде запознаен за доказите против него. Човекпт не видел со какви докази располага Јавното обвинителство, а се бара од него да даде исказ. Нашата позиција е дека се работи за повреда на правото на одбрана. Официјално осомничениот Бојан Јовановски е повикан да даде исказ,. но подметнато му е известување за завршена истрага“, рече Дукоски.
Тој додаде дека од среда Јовановски ќе може да ги разгледа доказите кои ги има обвинителството против него.
„Истрагата е завршена. Ние треба да ги гледаме доказите па Јовановски да даде исказ. Не гледаме на кристална кугла па да знаеме кои се доказите. Од среда ќе вршиме увид на предметот и потоа ќе дадеме исказ. Ние ќе доставиме свои докази. Осомничениот како таков сака да изврши увид во сите списи и докази. Тоа е опасно по одредбите од Законот за кривична постапка.“, додаде Дукоски.
За здравствената состојба на шоуменот и неформален соптвеник на поранешната 1ТВ вели дека и натаму не е подобрена.
„За неговата здравствена состојба никој не го интересира.Подлежи на вештачко дохранување со инфузија поради операцијата на желудникот и постојано повраќа“, истакна правниот застапник на Јовановски.